Карим Бензема ја одигра веројатно својата најдобра сезона во кариерата. Блескава сезона која заврши вчера со освојување на Лигата на Шампионите. Во финалето не постигна гол, му беше поништен поради офсајд, но тоа не ја намалува неговата заслуга за двојната круна на “Кралевите“, пехарите во Ла Лига и ЛШ.
На прославата вчера по мечот, секако дека неизбежно беше прашањето за Килијан Мбапе, дали навистина му е лут на својот репрезентативен колега поради фактот дека остана во ПСЖ…
“Не, Мбапе ми е пријател. Тој одлучи да остане во ПСЖ, секој сам си бира каде ќе игра. Не сум разочаран. Килијан уште е млад, има време да го опствари сонот и да заигра за Реал Мадрид. Јас ќе бидам среќен, се надевам и тој дека заедно ќе играме за репрезентацијата на Франција“ изјави Бензема.