Буњамин Шабани (31), еден од најдобрите фудбалери на Струга Трим Лум би можел ова лето да направи трансфер во Брегалница. Имено, како што дознаваме, раководството на штипските „сини“ веќе преговара со искусниот офанзивен играч за врска, му доставила и понуда па сега останува на Шабани дали ќе ја прифати или не.
Инаку за него заинтересиран бил и Силекс, но сега на потег е Струга Трим Лум, клуб кој исто така нема лесно да се откаже од услугите на фудбалерот кој две години одигра одлично во дресот на стружани. Инаку на Шабани договорот со Струга Трим Лум му е истечен, па сега стружани посакуваат да преговараат со Шабани за евентуално потпишување на нов.
Кога сме кај Шабани да кажеме дека тој во својата кариера има играно за Милано, Кулум Пало (Финска), Шкендија, Скопје, Партизани (Албанија), Шкупи, Ренова, Ширак (Ерменија), Дрита (Косово).