ГРК Охрид се раздели со 11 ракометари и со тренерот Стојановиќ

492

Уште еден тим од Супер-лигата следната сезона ќе има драстични промени во составот. По Е.Пелистер кој се збогува со деветмина ракометари, раководството на охридскиот клуб ја извести јавноста дека на 11 играчи се слободни.

„ГРК Охрид ја известува јавноста дека 11 (единаесет) ракометари го напуштаат клубот по истек на договорот.

Од следната сезона дресот на ГРК Охрид нема да го носат: Мице Шилегов, Филип Николов, Мартин Ивановски, Филип Кривокапиќ, Славчо Шулески, Мартин Манасков, Михајло Младеновиќ, Николче Ристески, Филип Грубор, Јагош Брауновиќ и Даниел Ацев. Клубот исто така го напушта и тренерот на екипата Радослав Стојановиќ“, се вели во известувањето на ГРК Охрид на официјалната страница.

ПретходноБенфика по продолженија го победи Магдебург за титулата во ЕХФ Лигата на Европа
СледноОксер е во француската елита oткако го испрати десеткратниот првак во Втората лига