Ден за брејк или „метла“ во мак-баскетот!

309

Дали битката за финале ќе заврши денеска или пак ќе се игра мајсторки, одговорот на ова прашање ќе го добиеме вечерва. МЗТ Скопје, бранителот на титулата и Пелистер имаат водство од 1-0 во плеј-оф полуфиналето, откако на првите средби убедливо и без мака ги совладаа своите противници, ТФТ односно Еуро Никел.

На теренот први ќе истрчаат кошаркарите на Еуро Никел и Пелистер. Кавадарчани се домаќини на овој дуел, кој е закажан со почеток во 18:30 часот во салата „Јасмин“.

Избраниците на Горан Самарџиев во Битола беа под нивото, ако се земе оној неверојатен кам-бек во битката за место токму во полуфиналето, во тој случај денеска мора да покажат многу повеќе од првата средба. Имаат сили и квалитет. На другата страна Марјан Илиевски треба да биде среќен што во составот има едни имиња на Кесар и Малешевиќ, двајцата кошаркари цела сезона на свој грб го носеа тимот од Битола, во првата полуфинална пресметка, беа главната причина за убедливиот триумф. Ако противникот успее да ги затвори тогаш Пелистер ќе мора да бара друго решение, поточно да се разбудат останатите играчи.

ТФТ откако доби нова лекција од актуелниот бранител на титулата МЗТ Скопје на гости, вечерва (20:30 часот) пред своите фанови има обврска да докаже дека знае да игра тимски, дека индивудалноста секогаш не носи пехари. Купот на Македонија и финалето е еден меч, за титулата во првенството треба многу повеќе од солирање.

Што се однесува до МЗТ Скопје засега вистински чекори по патеката на еден првак. Добра одбрана, разновидна игра во нападот и најважно течни напади, без индивидуално изразени поединци, е рецептот кој искусниот Александар Петровиќ го применува, а тоа на теренот изгледа убаво за око. Останува оваа игра да ја преточат во „Кале“ доколку сакаат да се најдат до финалето, последниот чекор до одбрана на тронот.

ПретходноМодриќ го слави трофејот во ЛШ и потпишува нов договор со Реал
СледноКуртоа: Жалам за навивачите на Ливерпул и се надевам дека сите се во ред