Е. Пелистер успеа да дојде до убедлив триумф во последниот меч од ракометната Суперлига и тоа против Бутел со 30:22. Сепак треба да се каже дека гостите од Скопје во првиот дел одиграа одлично и тој период го добија со 12:14, резултат што секако дека ги изненади сите во салата “Боро Чурлевски“ во Битола. Сепак во второто полувреме, битолскиот тим одигра далеку подобро, брзо ја стопи предноста на Бутел, резултатски се одлепи и на крајот убедливо славеше со 8 голови разлика.
Да кажеме дека мечот доцнеше неколку минути поради фактот што гостите не успеаја да дојдат навреме, поради временските услови, во Битола.
Ова беше последен меч за тренерот Жељко Бабиќ на клупата на Е. Пелистер.
Мараш со седум голови беше најфикасен кај победнишкиот тим, додека Јефтиќ кај гостите беше стрелец на шест погодоци.