Црногорсиот интернационалец Филип Стојковиќ ќе остане запишан во аналите на светскиот фудбал како човек кој направил еден од најглупавите потези што може да ги направи еден професионален спортист.
Сега веќе екс играчот на Рапид Виена, пријавил во клубот од престолнината на Австрија дека е повреден, па заминал за Белград да го следи финалето од купот на Србија, помеѓу неговиот екс клуб Црвена Звезда и Партизан. Нормално, во Виена тоа го дознале и автоматски добил отказ. Во соопштението на клубот се наведува дека професионализмот мора да е на највисоко ниво и кој е дел од Рапид мора да се однесува според високо поставените стадарди.
(Foto: Starsport)