Тони Крос е движечка сила на тимот на Реал Мадрид години наназад. Германскиот ветеран и натаму е во топ пет играчите на својата позиција во светот, а тоа го потврдуваат трофеите кои ги освојува.
Во жарот на славјето по освоениот пехар во Лигата на Шампионите синоќа, Крос сосема професионално застана да даде кратко интервју за државната германска телевизија „ZDF“. Очекуваше секако да биде прашан како е да се биде повторно на кровот на фудбалска Европа, но на негово големо изненадување прашањата на новинарот беа поврзани со Ливерпул, и дали очекувал Мадрид да игра така дефанзивно.
„Имаше деведесет минути да смислиш што да ме прашаш и ги праша овие две проклети прашања? Само што ја освоив Лигата на Шампионите… – му рече Крос на новинарот и си замина да слави.
Und hier ist salty #Kroos im #ZDF-Interview pic.twitter.com/HfL1YuHKkq
— Sportdiskussion (@SportDiskussion) May 28, 2022