Карло Анчелоти е легенда за која долго време ќе се зборува. По вчерашното финале во Лигата на шампиони стана првиот тренер кој успеал четири пати да дојде до пехарот.
За него ова беше петто финале, со Милан играше во 2003, 2005 и 2007 година, со Реал во 2014 и 2022 година. Не успеа да го освои пехарот само во 2005 година, кога Ливерпул излезе како победник.
Овие денови 62-годишниот стратег испиша неверојатни остварувања зад своето име. Па рекордната титула со Реал Мадрид знаеше како да ја прослави, тој не престана да воодушевува.
На социјалните мрежи се појави видео како танцува со своите играчи.
The little legends with THE GRAN MISTER @MrAncelotti 🤍🤍🤍🤍🤍🤍🤍🤍🤍🤍 pic.twitter.com/gaLCGJMQwW
— VB (@VamosBlancos) May 28, 2022