Модриќ го слави трофејот во ЛШ и потпишува нов договор со Реал

291

Лука Модриќ има уште една причина за славење по освојувањето на Лигата на шампионите. Репрезентативецот на Хрватска кој има 36.години во моментов потпишува нов договор со Реал Мадрид , тврди Фабрицио Романо. Според него, договорот е постигнат уште пред два месеци, и финализиран и официјално ќе биде објавен во наредните денови. Модриќ е во Реал од 2012 година и сака да ја заврши кариерата на „Сантијаго Бернабеу“.

Тој веќе освои пет трофеји во Лигата на шампионите со Реал. По победата синоќа , Модриќ изјави.

„Мислам дека по поништениот гол почнавме повеќе да веруваме, а Ливерпул почна да паничи. Тие веќе не беа сигурни и од тој момент почнавме да играме подобро. Победивме, што е најважно“ – изјави Модриќ

 

ПретходноКрос: Па зарем се ова прашања за освојувач на Лигата на Шампиони (ВИДЕО)
СледноДен за брејк или „метла“ во мак-баскетот!