Нов проблем, ново откажување за селекторот Благоја Милевски во пресрет на мечот со Бугарија на 2 јуни во Разград, во првиот меч од Лигата на Нации. Имено Милевски не ќе може да смета на Валон Етеми, офанзивецот на Истанбулспор. Имено тој ќе мора да игра за својот тим и тоа во финалето за пласман во елитната лига на Турција.
Штета, со оглед на тоа дека имаше неколку откажувања од оправдани причини, се чини дека Етеми ќе добиеше сигурно шанса во Разград да настапи за нашата репрезентација.