Перез суров: Мбапе не постои, не е тема – тој е заборавен!

571

Големиот успех на новиот европски првак Реал Мадрид, по завршување на финалето го прокоментира и првиот човек на клубот, Флорентино Перез. Тој беше задоволен и среќен, особено по оној голем неуспех пред почетокот на битката за титулата, кога Килијан Мбапе одлучи да остане во ПСЖ.

Иако беше најавуван како најголемо засилување, сепак работите се промени преку ноќ. Тој во ПСЖ останува за плата од 50 милиони евра по сезона и плус 100 милиони евра само за потпис на договорот.

„Напорно работевме цела сезона да се најдеме тука. Зад нас е натпревар кој нема лесно да го заборавиме, титулата е заслужено освоена, таа е плод на работата на играчите, тренерите и навивачите“, почна Перез, а потоа одговори на прашањето за Мбапе.

„Реал ќе продолжи да работи да ги носи најдобрите играчи, но Мбапе е заборавен. Имавме совршена сезона, тој не е тема. Денеска Мбапе не постои, постојат само Реал Мадрид и неговите играчи, постои само првакот на Европа“.

ПретходноХит објави: Реал Мадрид го откри планот за пехарот (ФОТО)
СледноРекордерот Куртоа им ги затвори устите на Англичаните: Видов некои објави!