Садио Мане го информирал клубот дека летово сака да си оди од Ливерпул

181

Извори блиски до финалистот во Лигата на шампионите, Ливерпул, денеска излегоа со информација дека Садио Мане, наводно, го известил клупското раководство дека летово сака да си замине од „Енфилд“. Со тоа се потврдуваат шпекулациите дека Сенегалецот кариерата ќе ја продолжи или во Реал (М) или во Баерн (М).

Мане им рекол на првите луѓе во Ливерпул дека сака нов предизвик. Договорот на Сенегалецот со „црвените“ истекува во летото 2023 година, а Баерн Минхен важи за фаворит во трката за потписот на напаѓачот.

ПретходноИџе со победа на трката во Чешка!
Следно„Ле Паризиен“: 10 фудбалери ќе добијат „клоца“ од ПСЖ