Тоа е Реал Мадрид. Тоа е тоа големо искуство кое што го имаат играчите на Реал во пресрет на големите финалиња во ЛШ. А дека тие не се “потресуваат“ премногу, а посебно не големото “трио“ во состав Модриќ, Каземиро и Крос, говори изјавата на Дани Себаљос, играчот за врска на “кралевите“.
“Јас око не можев да склопам, а тие, мислам на Тони Крос, Лука Модриќ и Каземиро си играа карти и си се забавуваа. Тие никогаш не се нервозни. Замислете, на неколку минути пред финалето јас и Крос разговаравме за натпревар од 2.Бундеслига меѓу Оснабрик и Регенсбург. Неверојатно…“ вели Себаљос.