Реал Мадрид е блиску до потписот на едно од најбараните имиња на летниот трансфер пазар, 22-годишниот француски репрезентативец Орлен Чуамени, но договор се уште не е постигнат.
Како што јавуваат шпанските медиуми, причина за се уште незатворениот трансвер на Чуамени, кој начелно се договорил со Реал за своите услови од договорот, се 10 милиони евра.
Толкава е разликата меѓу понудата која „кралскиот клуб“ ја испратил до монако за Чуамени и сумата која за него ја бараат Французите. Реал наводно има последна понуда од 70 милиони евра за играчот за врска, додека Монако не сака да го продаде за сума помала од 80 милиони евра.