Екипата на Бенфика е освојувач на ракометната Лига на Европа откако во финалето по продолженијата го совлада Магдебург со 40-39. Мечот се одигра во „Алтис арена“ во Лисабон. Во регуларниот дел мечот заврши 32-32. По првото продолжение Бенфика имаше негатива од 34-35, а во следните пет минути гостите го држеа водството од еден гол се до последните секунди (38-38) кога лисабонските „орли“ успеаа да постигнат два гола и да направат пресврт и да стигнат до победата.
Ова е прв трофеј во ЕХФ Лигата на Европа за Бенфика. Третото место му припадна на полски Висла Плоцк кој беше подобар од Нексе со 27-22. Тој меч го судеше македонската судиска двојка Митревски и Тодоровски.
Дома Ракомет Европски купови Бенфика по продолженија го победи Магдебург за титулата во ЕХФ Лигата на...