Нашата А-репрезентација веќе неколку денови се подготвува за претстојниот јунски циклус од четири меча во Лигата на Нации. И денеска попладне избраниците на селекторот Благоја Милевски тренираа на теренот на Фудбалската федерација на Македонија.
За тоа што може да се очекува на првиот меч со Бугарија, а секако и за останатите три меча, свој коментар има Бобан Николов, еден од нашите најдобри фудбалери.
„Кога доаѓаме овде да играме за македонската репрезентација секако дека ништо не е тешко. Јасно е дека четири меча за десет дена е многу, но тука ништо не можеме да влијаеме. Сега нашата цел е првиот меч и гостувањето кај Бугарија. Ако одиграме како што знаеме тогаш ќе победиме. Нашиот фокус треба да биде кој нас, а не кон противникот“коментари Николов.
Во продолжение тој додаде…
„Нашата цел како што реков е првиот натпревар, па потоа ќе мислиме на Гибралтар и Грузија. Против Италија и Португалија покажавме дека можеме многу, но тие мечеви се зад нас. Сега треба да биде сконцентрирани и да покажеме дека тие резултати не биле случајни“ заврши Бобан Николов.