Е.Пелистер се збогува со девет ракометари!

572

Е.Пелистер во следната сезона ќе има сосема поинаков изглед. Битолскиот тим целосно ќе го промени ростерот, по завршување на последниот меч против Бутел Скопје, раководството на клубот им се заблагодари на деветмина ракометари.

Мартон Секељи, Рениер Табоада, Немања Обрадовиќ, Стипе Мандалиниќ, Јосип Периќ, Матео Мараш, Јосип Божиќ Павлетиќ, Елмир Граџан и Никола Маркоски, се играчите кои нема да го носат дресот на Е.Пелистер следната сезона. Од пред една недела беше познато дека тимот ќе добие нов тренер, со Жељко Бабиќ договорот е спогодбено рааскинат.

„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека девет ракометари на крајот на сезоната ќе го напуштат клубот на истек на договорот или со платено обештетување. Од следната сезона дресот на Еурофарм Пелистер нема да го носат: Мартон Секељи, Рениер Табоада, Немања Обрадовиќ, Стипе Мандалиниќ, Јосип Периќ, Матео Мараш, Јосип Божиќ Павлетиќ, Елмир Граџан и Никола Маркоски.
Клубот искрено им се заблагодарува на професионалниот пристап и залагањето во изминатиот период. На сите им посакуваме успех во продолжувањето на кариерата на клупско и репрезентативно ниво. Семејството Еурофарм Пелистер секогаш ќе биде и нивно семејство“, се вели во известувањето на битолскиот тим.
ПретходноБобан Николов: За Македонија ништо не е тешко!
СледноНов проблем: Против Бугарија и без Валон Етеми….