Конечно, Монца ќе игра во најсилната италијанска лига. Клубот кој има најмногу сезони во Серија Б, конечно, успеа да се пласира во најсилното италијанско друштво, а тоа му успеа вечерва по победата над Пиза во финалето на плеј-офот во драматичен меч.
Првиот дуел заврши со победа на Монца во гости со 1:2, а вечерва Пиза славеше со 3:2 по што се отиде во продолженија.
Прво Пиза поведе со 2:0, но Монца изедначи па дури во 90. минута домашните погодија и изборија продолженија.
А таму фудбалерите на Монца постигнаа два гола преку Мароне и Гуткјер и победија со 4:3.
Со тоа составот од истоимениот град од северна Италија идната година ќе игра против големите. Клубот е формиран во 1912 година и претрпе два банкрота, едниот во 2004 година, а потоа во 2014 година. Во 2015 година го смени името, дојдоа Силвио Берлускони и неговиот брат Паоло Берлускони, потоа Адријано Галијани како спортски директор, а тие почнаа да го градат клубот од нула и од Серија Д.
Успеаа во мисијата! За првпат во 110 годишната историја ќе играат во Серија А.
The CEO of Monza is the legendary former AC Milan Adriano Galliani, who is from Monza and started his football career there. The Berlusconi-Galliani duo is back to Serie A.
📸 @nonleggerlo pic.twitter.com/SjF8oMQzaU
— Francesco Porzio (@fraporzio95) May 29, 2022