Екипата на Алкалоид го доби пехарот кој следи за победникот во Првата лига сезонава. Ова е прво големо признание за дебитантот, кој после една година постоење успеа да ги дофати височините. Ракометарите на Алкалоид обезбедија место во Супер-лигата и тоа без ниту еден пораз, според игрите максимално заслужија да бидат дел од елитата.
На последната средба, избраниците на Љубомир Савевски го совладаа Младост со 39-19 и со скор од 27 победи и едно реми ја завршуваат битката за најсилното ракометно друштво во Македонија.
Серафимов постигна седум гола, додека Иваноски имаше пет погодоци.