Екипата на Оксер се врати во француската Лига 1 по пауза од десет години откако вечерва во финалето на плеј-офот го совлада Сент Етјен на пенали. На првиот меч резултатот беше 1:1, а и реваншот на „Жофри Гишар“ во Сент Етјен заврши го истиот резултат па се премина кон продолженија на кои немаше победник, па патникот во елитата се бараше преку пеналите.
„Зелено-белите“ промашија само во првата серија, додека фудбалерите на Оксер ги погодија сите удари од белата точка. Па така со резултат 4:5 Оксер отиде во елитната дивизија, а Ст.Етјен ќе игра во второлигашкото друштво.
Оксер е француски шампион од сезоната 1995/96. Учествуваше и во Лигата на шампионите (1/4 финале во КЕШ во 1997 година) и во Купот на УЕФА (полуфинале во 1993 година). Тоа е клубот за кој играа Џибрил Сисе, Ерик Кантона, Енцо Шифо, Бакари Сања, Абу Дијаби…
AJ Auxerre just won the penalty shootout to get promoted to Ligue 1 and this happend pic.twitter.com/3s3bJ2tf8U
— Adli 1️⃣9️⃣🏆 (@Adli19ACMilan) May 29, 2022