Тибо Куртоа е човекот кој на Реал Мадрид му ја донесе 14. титула во Лигата на шампионите, едноставно беше неверојатен на голот на својот тим, имаше девет одбрани во финалето против Ливерпул.
„На прес-конференција пред мечот реков дека Реал не игра финалиња, туку ги победува. Јас сум на добра страна на историјата. Видов некои објави дека ќе бидам понижен, но се случи спротивното. Ми требаше победа за крај на мојата кариера, за напорната работа, да заслужам почитување. Мислам дека не ме почитуваат доволно, особено Англичаните. Видов доста критики, дури и по одличните сезони, се пишуваше дека не сум доволно добар.
Навистина сум среќен и горд поради оваа игра на тимот. Се држевме заедно и кога беше најпотребно, бев тука за тимот“, изјави искусниот голман.
По освојувањето на пехарот нема сомнение дека тој ќе биде конкурент за освојување на Златната топка.
Кутоа влезе во историјата во ова натпреварување, стана рекордер во Лигата на шампиони со 59 одбрани во една сезона. Исто така со девет одбрани во финалето против Ливерпул постави рекорд.
🤔 La 𝐦𝐞𝐣𝐨𝐫 𝐚𝐜𝐭𝐮𝐚𝐜𝐢𝐨́𝐧 de un portero en una #UCLfinal ⁉
🙌 Thibaut 𝐂𝐎𝐔𝐑𝐓𝐎𝐈𝐒 🙌#UCL pic.twitter.com/Oye1krROay
— Liga de Campeones (@LigadeCampeones) May 28, 2022