Во својот јубилеен, 100-ти меч во Париз, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го победи 16-тиот на АТП листата, Аргентинецот Диего Шварцман со 6:1, 6:3, 6:3 и обезбеди четвртфинале на вториот годинешен Грен Слем турнир.
Ова беше нивната седма меѓусебна пресметка, втора на истиот турнир, а Новак по седмипат излезе како победник.
Според прикажаното, Србинот апсолутно заслужено е меѓу осумте најдобри на турнирот. Сега останува со внимание да го следи дуелот на Рафаел Надал со Ожер Аласим од Канада и да види кој ќе му биде ривал во следната рунда.