Горан Андоновски е нов тренер на ГРК Охрид!

147

ГРК Охрид веднаш се фати кон создавање на тимот за следната сезона, откако вчера се раздели со 11 ракометари и Раде Стојановиќ.

Нов тренер на охриѓани е Горан Андоновски, кој го водеше составот на Тиквеш.

Некогашниот репрезентативец на Македонија кој го има најголемиот успех со овој клуб во ЕХФ купот потпиша 2 (две) годишен договор.

Помошник тренер ќе биде Наум Бабачев кој е дел од клубот од почетоците и како играч и како тренер на дел од младинските категории.

ПретходноГави молчи, но Барселона е убедена дека ќе го потпише новиот договор
СледноИспаднаа од лига па го запалија стадионот (видео)