Македонскиот тенисер Калин Ивановски денеска ќе настапи во 1. коло на јуниорскиот Ролан Гарос. Во 11 часот Ивановски ќе излезе на терен и за противник го има бразилскиот тенисер Жоао Фонсека.
По неговите настапи на претходните три гранд-слем турнири, Ивановски ќе има настап и во Париз. Инаку досега најдобриот настап на гренд-слем турнирите му беше на Вимблдон минатата година кога стигна до осминафиналето.