Клоп: Гајле ми е што мислат другите, Ливерпул е најдобриот клуб во светот

725

Ливерпул не успеа да стане европски првак, за малку им избега титулата во Премиер лигата, па на крајот мораа да се задоволат со трофеите во ФА купот и Лига купот. Сепак, тие беа пречекани како херои. И покрај тоа што не успеаа во финалето на ЛШ, навивачите им приредија фантастичен пречек.
Тренерот Јирген Клоп на парадата кажа дека му е гајле што мислат другите луѓе и дека Ливерпул е најдобриот во светот.
Ова е најдобриот клуб во светот. Загубивме финале во Лигата на шампионите и ова е дочекот кој го добивме. Навистина ми е гајле што мислат другите луѓе. Каков клуб… Не бев сигурен што да очекувам, зборувавме за тоа што да правиме по враќањето во Ливерпул, но не очекував вакво нешто. Ова е добар знак и порака до сите во светот. Точно дека освоивме два трофеја, а не успеавме другите два, а сепак добивме фантастична поддршка од навивачите. Неверојатно“, беа зборовите на Клоп.

ПретходноБерлускони по историскиот успех на Монца: А сега атак на Скудетото и Лигата на шампионите…
СледноНадал со шокантна изјава: Мечот со Новак може ќе ми биде последен на Ролан Гарос