Сезоната 2022/23 во ПМФЛ ќе започне на 7-14 август!

1380

Како што дознаваме, новата или 31-ва сезона во ПМФЛ, ќе започне на 7 или 14 август. Значи нема да има поместувања поради одржувањето на СП во Катар во ноември- декември. Планирано е да се одиграат три кола во нашата елитна лига за време на Мундијалот. Секако дека ако Македонија, а беше блиску, играше во Катар, тогаш ќе имаше значајни промени.

Да потсетиме дека во следната 2022/23 сезона во ПМФЛ ќе настапуваат следните екипи: Шкупи, А. Пандев, Шкендија, Македонија ЃП, Струга ТЛ, Ренова, Брегалница, Работнички, Тиквеш, Скопје, Силекс и Победа.

Што се однесува до ВМФЛ, која од новата сезона ќе биде единствена, таа ќе се стартува седум дена подоцна од ПМФЛ, значи на 14 или 21 август.

Се разбира овие датуми да бидат официјални, ќе треба „виза“ да даде и УО на ФФМ.

ПретходноСтојчевиќ уште една година во РК Бутел!
Следно„Вардарско кафе“: Големите пријатели Ристовски и Гачевски во време на одмор…