Сензација на Ролан Гарос: Циципас елиминиран од 40-тиот тенисер во светот!

140

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас е елиминиран во 1/8 финалето на Ролан Гарос, и тоа од 40-тиот тенисер во светот Холгер Руне од Данска. Гркот важеше за еден од фаворитите, но ете денеска загуби од сензционалниот Данец и тоа со 1:3 во сетови.

Првио сет го доби Руне со 7:5, Циципас врати во вториот со 6:3, но толку беше од него на овој дуел, Руне, кој има само 19 години, ги доби третиот и четвртиот со 6:3 и 6:4 и се пласира во 1/4 финалето.

Претходно Каспер Руд од Норвешка го победи Хуберт Хуркач, па така во 1/4 финалето ќе гледаме скандинавски двобој.

Претходно„Вардарско кафе“: Големите пријатели Ристовски и Гачевски во време на одмор…
СледноЛеклер лут на Ферари: Многу грешки…