Баражите за пласман во ВМФЛ ќе се играат на 22 јуни!

1763

Сезоната во мак – фудбалот заврши, останува само да се одиграат баражите за пласман во ВМФЛ, која од следната сезона ќе биде единствена. Значи четири третолигашки екипи ќе се борат за тие две преостанати места за втората лига. Како што дознава „Спортмедиа“ ждрепката ќе се одржи на 20 јуни, а самите натпревари на 22 јуни.

На тие натпревари ќе играат Караорман (југозапад – трета лига), потоа најверојатно Вардар Неготино (југ – трета лига), Овче Поле (исток – трета лига) и Арсими Чегране (запад – трета лига). Ова се екипите кои се победници и допрва ќе станат тоа официјално во третите лиги.

Баражите се играат во еден натревар и победниците од тие два меча следната сезона ќе играат во ВМФЛ која ќе брои 16 екипи.

Да кажеме и тоа дека таму се веќе екипите на Борец, Пелистер, Вардар, Воска, Тетекс, Гостивар, Беса, Охрид, Беласица, Слога (В), Каменица Саса, Кожуф, Детонит и Пехчево.

ПретходноТиквеш ги договори и Лазаров и Темелков за следната сезона!
СледноНиколовски и Брегалница спогодбено го раскинаа договорот