Гави молчи, но Барселона е убедена дека ќе го потпише новиот договор

164

Барселона останува уверена дека тинејџерската сензација Гави ќе стави потпис на хартија за нов долгорочен договор со клубот, и покрај сите шпекулации дека може да си замине од Каталонија и да се пресели во Англија.

17-годишниот талентиран фудбалер се смета за еден од најдобрите млади играчи во светот, но разговорите за продолжување на договорот се уште не резултирале со потпишување на нов договор.

Актуелниот договор на Гави со Барселона има важност до јуни следната година, но каталонскиот гигант верува дека новиот договорот е блиску. Според клупски извори, Барселона очекува најдоцна до почетокот на новата сезона Гави да се обврзе на нова 5-годишна верност кон каталонскиот гигант.

ПретходноНадал со шокантна изјава: Мечот со Новак може ќе ми биде последен на Ролан Гарос
СледноГоран Андоновски е нов тренер на ГРК Охрид!