Ливерпул не успеа да стане европски првак, за малку им избега титулата во Премиер лигата, па на крајот мораа да се задоволат со трофеите во ФА купот и Лига купот. Сепак, тие беа пречекани како херои. И покрај тоа што не успеаа во финалето на ЛШ, навивачите им приредија фантастичен пречек.
Тренерот Јирген Клоп на парадата кажа дека му е гајле што мислат другите луѓе и дека Ливерпул е најдобриот во светот.
„Ова е најдобриот клуб во светот. Загубивме финале во Лигата на шампионите и ова е дочекот кој го добивме. Навистина ми е гајле што мислат другите луѓе. Каков клуб… Не бев сигурен што да очекувам, зборувавме за тоа што да правиме по враќањето во Ливерпул, но не очекував вакво нешто. Ова е добар знак и порака до сите во светот. Точно дека освоивме два трофеја, а не успеавме другите два, а сепак добивме фантастична поддршка од навивачите. Неверојатно“, беа зборовите на Клоп.
Дома Меѓународен фудбал Англија Клоп: Гајле ми е што мислат другите, Ливерпул е најдобриот клуб во...