До последниот судиски свиреж не се знаеше кој ќе оди директно во Ла Лига наредната сезона. На крајот на неверојатната вечер на последното 42. коло во Сегунда најголем губитник е Еибар кој доживеа пораз од фенерџијата Алкоркон со 1:0 и така остана без директен пласман во елитата. Тоа го искористија Алмерија и Ваљадолид кои ги заземаа првите две позиции и се нови членови на Ла Лига.
Алмерија одигра 2:2 на гости кај Леганес но го сочува првото место, Ваљадолид ја победи Хуеска со 3:0 и стигна до второто место со 81 бод, поен повеќе од третиот Еибар.
Но Еибар ќе има втора шанса, преку баражите да стигне до првата шпанска лига. Во баражот ќе игра против Џирона која заврши како шестопласирана, а другиот полуфинален пар ќе биде дербито на Канарските острови помеѓу Лас Палмас и Тенерифе.
Инаку нови членови на Сегунда се Гранада, Леванте и Алавес, а од Сегунда во третата лига испаднаа Аморебиета, Реал Сосиедад Б, Фуенлабрада и Алкоркон.