Мохамед Салах нема среќа со колективните трофеји сезонава, затоа што ја загуби и титулата во Премиер лигата и финалето во Лигата на Шампионите со Ливерпул, но од друга страна пак индивидуалните награди не престануваат да пристигнуваат на негова адреса.
Откако беше прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата, тој денеска ја доби и најградата за најдобар според гласањето на навивачите. Поточно, победи во гласањето на официјалниот сајт на Здружението на професионални фудбалери во Англија.
👏 Congrats to @MoSalah, the PFA @VertuMotors Premier League Fans’ Player of the Year! #PFAFPOTY | @LFC pic.twitter.com/YBCpPSfjfN
— Professional Footballers’ Association (@PFA) May 30, 2022