СЕХА – лигата ќе продолжи со девет екипи!

654

Како што е познато, поради настаните и војната во Украина, раководството на СЕХА – лигата го прекина ова натпреварување, во кое што учествуваат и нашите Вардар и Е. Пелистер. Ретко кој се надеваше дека тоа ќе продолжи, но сепак има најави за такво нешто и тоа од изјавата на Борис Сапожников, инаку потпретседател на ова натпреварување.

Тој во изјава за специјализираниот портал за ракомет “Брз Центар“, покрај другото го кажа и ова…

Планираме сезоната да продолжи и да ја комплетираме до септември. Веќе е закажан Ф4 турнирот. Поради фактот дека тимот на Мотор не може да се натпреварува, СЕХА лигата ќе продолжи со 9 екипи“.

ПретходноТрајковски и Алиоски од денеска на тренинг, утре со чартер се лета за Варна!
СледноСтојчевиќ уште една година во РК Бутел!