Стојчевски ќе го засили Гостивар

1755

Искусниот стопер Стојан Стојчевски кој досега настапуваше за тимот на Силекс, следната сезона ќе го носи дресот на второлигашот Гостивар.

Овој тим очигледно дека прави супер екипа за следната сезона и посакува да се врати во ПМФЛ, каде што своевремено настапуваше. Тоа нема да биде секако лесно со оглед на фактот што од идната сезона во ВМФЛ конкуренцијата ќе има само една единствена конкуренција, па кандидати ќе за влез ќе има многу.

Сепак, Гостивар очигледно дека претендира да биде еден од оние кои ќе бидат водечки па затоа и засилувањата летово кои се рамни на прволигашки.

Стојчевски во својата кариера настапуваше уште и за Вардар, Тетекс, Македонија ЃП, Борец, Брегалница, Работнички…

 

ПретходноИвановски испадна на Ролан Гарос
СледноФранцузинот Пињар ќе ни суди со Бугарија!