Македонскиот мото возач Христијан Бузалковски оствари супер резултат во рамките од државниот шампионат на Бугарија откако изминатиот викенд на двете одржани трки во Плевен, освои две први места.
„Имавме одличен тркачки викенд, настапуваме на оваа патека по пауза од година и пол и морам да признаам дека возевме со голема претпазливост бидејќи на таа патека имам најмногу падови. Уште од првиот тренинг успеавме да најдеме идеален сетап и продолживме да работиме на подобрување на моторциклот. Имавме пол позиција и остваривме две победи со најбрз круг. Искрено сум задоволен и се надевам дека со ова темпо ќе продолжиме и на следните трки“– изјави Бузалковски.
Следниот предизвик за нашиот најтрофеен натпреварувач Бузалковски за БМУ Европскиот шампионат, е на 17ти јуни, во Грција.