Гајиќ во Голден Арт уште две години

70

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија Глигор Гајиќ и натаму ќе биде дел од тимот на Голден Арт. Тој е член на овој клуб од 2020 година и е еден од најквалитетните поединци па не е изненадување новопотпишаната соработка.

„Задоволен сум што ја остваривме целта и експресно се вративме во супер лигата, чест ми е што ја продолжуваме соработката со клуб кој премногу вложува во македонските играчи и придонесува за развојот на ракометот во Македонија. Гледам само позитивно и оптимистички за иднината на клубот во супер лигата, ќе работиме напорно, професионално и заедно чекориме кон нови успеси во супер лигата” – изјави Гајиќ за официјалните друштвени мрежи на клубот од Општина Аеродром.

 

ПретходноАндреј Ричков е нов играч на Силекс
СледноМишевски потпиша до 2024