„Златната копачка“ по вторпат во рацете на Иван Тричковски

623

Поранешниот македонски репрезентативец, Иван Тричковски е број еден во Кипат. Тој зад себе има уште една феноменална сезона, го водеше АЕК Ларнака до квалификациите за Лигата на шампиони.

Во Европа постигна пет погодоци, додека пак во кипарскиот шампионат беше стрелец на десет гола. Ваквата игра на Тричковски му донесе ново големо признание, по втор пат е добитник на „Златна копачка“ на Кипар.

Покрај Тричковски во конкуренција за ова признание беа Финецот Берат Садик од Докс со тринаесет гола, додека третото место им припадна на пет играчи со по десет гола и тоа Лазарос Христодопулосус (Анортозис), Џорџи Квитилаја (АПОЕЛ), Они Валакари (Пафос). ), Јоанис Питас (Аполон Лимасол) и Стефан Шчеповиќ (АЕЛ Лимасол).

Македонскиот фудбалер првата „Златна копачка“ ја доби во сезоната 2019/20.

ПретходноМеси: Реал не беше најдобриот тим во Лигата на шампиони
СледноДимитријевиќ втор стрелец, Валенсија ја загуби „мајсторката“