Шарл Леклер ја освои пол позицијата во Монте Карло, а главната трка ја заврши дури на четвртото место. Ова е катастрофален резултат за возачот на Ферари па така Макс Верстапен побегна на девет бодови разлика во генералниот пласман.
Леклер доминираше во воведниот дел на трката во Монте Карло, но ги промени гумите во погрешен момент па ја изгуби позицијата и од Карлос Сајнц и од Верстапен. А истовремено Ферари менуваше гуми и на болидот на Сајнц и на Леклер, а во од тимот му сугерирале на Леклер да влезе во боксот порано.
„Се случуваат грешки, но денеска ги имаше премногу. Во вакви услови се потпираш малку на тоа што тимот гледа. Ме прашаа дали сакам да преминам на гуми за суво и реков дека сакам но не сега туку подоцна во текот на трката. Не знам зошто го сменивме размислувањето и преминавме на гуми за променливи временски услови. Не претркаа и јас застанав зад Сајнц. Многу грешки, а тоа не смееме да си го дозволиме“, вели Леклер.
„Тешко ми е. Секоја година овде имам проблеми. Навикнав разочаран да одам дома. Не можеме ова да го правиме, посебно не сега кога сме јаки и мораме да го искористиме тоа. Не паднав само на втората позиција, туку на четвртата затоа што после првата грешка направивме и втора грешка. Го сакам својот тим и сигурен сум дека ќе се вратиме меѓутоа да бидам искрен ова многу боли“, додаде возачот на Ферари.