Меси: Реал не беше најдобриот тим во Лигата на шампиони

1042

Лионел Меси се најде во центарот на вниманието. Аргентинскиот фудбалер е на тренинг со својата репрезентација, за тамошните медиуми даде интересно интервју, зборуваше за Лига на шампиони, за титулата на Реал Мадрид. Според него „кралскиот“ тим не бил најдобар оваа сезона.

„Криво ми е што повторно не ја освоив Лигата на шампиони, но во ова натпреварување секогаш не победува најдобриот тим. Не сакам да го намалам успехот на Реал, но не беше најдобар тим во ЛШ. Бевме ривали 15 години, знам какви се и како играат. Од нигде никаде ни дадоа гол и го свртеа мечот. Подоцна тоа им успеа со Челзи, со Сити, едноставно знаат да казнат. Не е прв пат пехарот да го освои оној што е најдобар. Постојат специфични и психолошки моменти кога најмалата грешка ќе ве исфрли. Тие се подготвени за такви ситуации, да дојдат до финале и да станат шампиони“, изјави Меси.

ПретходноНиколовски и Брегалница спогодбено го раскинаа договорот
Следно„Златната копачка“ по вторпат во рацете на Иван Тричковски