Надал со шокантна изјава: Мечот со Новак може ќе ми биде последен на Ролан Гарос

204

Рафаел Надал стигна до четвртфиналето на Ролан Гарос, а таму ќе игра против светскиот тенисер број 1 Новак Ѓоковиќ. Шпанецот загрижен за своето стапало, имаше многу проблеми со повреди во последните година дена и смета дека нема уште долго да игра на врвно ниво.
Не знам уште сто отсто, долго време не сум играл против Ѓоковиќ, речиси три месеци немав вакви натпревари, па ова ќе биде голем предизвик за мене. Новак го освои Рим, доби девет натпревари по ред, овде игра одлично… Знам каква е мојата ситуација и ја прифаќам, ќе се борам и не можам да се жалам. Играм во четвртфинале на Ролан Гарос и можам да уживам“, изјави Надал кој наговести дека мечот со Новак може да му биде последен во кариерата на Ролан Гарос.
Мојата ситуација е таква што никогаш не знам дали наредниот меч на Ролан Гарос ќе ми биде и последен. Имам големи проблеми со стапалото и не знам што може да се случи во блиска иднина и не знам што може да се случи со мојата кариера, па така можам само да уживам и да се борам да го живеам сонот, а тоа е да играм тенис и да сум на завршниците на турнирите“, кажа Надал.

ПретходноКлоп: Гајле ми е што мислат другите, Ливерпул е најдобриот клуб во светот
СледноГави молчи, но Барселона е убедена дека ќе го потпише новиот договор