На ерата на Роман Абрамович кој од Челзи направи светски гигант е ставен крај, а новиот сопственик е Тод Боли. Заедно со своите партнери Марк Волтер и швајцарскиот милијардер Хансојерг Вис ги купија „сините“ за 4,25 милијарди евра.
„Горди сме што станавме нови сопственици на Челзи. Ќе бидеме со клубот 100%, секоја минута, на секој натпревар. Нашата визија е јасна, сакаме да ги направиме младите играчи горди. Одлучивме да развиваме млади играчи и да ги донесеме најдобрите таленти. Благодарност до британското министерство и раководството на Премиер-лигата кои ни го овозможија ова“, се вели во известувањето на клубот.