Синер го предаде мечот, Андреј Рубљев во четвртфинале

191

Рускиот тенисер Андреј Рубљев се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос откако Италијанецот Јаник Синер го предаде мечот поради повреда на коленото. Овој момент се случи при 1-1, во сетови 1:6, 6:4, 2:0.

Синер одигра одлично во првиот сет. Италијанскиот тенисер, кој е 12-ти во светот, веднаш му го одзеде сервисот на Рубљев и поведе со 2:0. Синер продолжи да доминира и уште еднаш направи брејк и дојде до убедлива победа во првиот сет.

Во вториот сет видовме голема борба. Немаше прекини, на крајот се повреди Јаник Синер. Тој се здоби со повреда на коленото, загуби сервис и сет.

Синер стисна заби и се обиде да го продолжи мечот во третиот сет, но не успеа. Тој мораше да се откаже по само два одиграни натпревари поради големи болки во коленото.

Така до четвртфиналето стигна Андреј Рубљев, седмиот светски играч. Таму го чека подобриот од натпреварот меѓу Чилиќ и Медведев.

ПретходноВеќе нема назад: Левандовски сурово искрен за Баерн!
СледноНајдобрата ера во историјата на Челзи и официјално заврши!