Стојчевиќ уште една година во РК Бутел!

116

Како што информираат од клубот, РК Бутел и Стефан Стојчевиќ ќе ја продолжат соработката. Младиот ракометар потпиша нов договор со клубот за кој и досега настапуваше.

Инаку Стојчевиќ е младински репрезентативец на Македонија.

Јас сум многу задоволен што имам чест да играм во клуб како што е Бутел Скопје. Овде научив многу од поискусните соиграчи и тие ми пружија максимална поддршка. Не е лесно да се игра во толку амбициозен клуб, шансите кои се добиваат мора да се искористат бидејќи на секој натпревар се оди на победа. Се решив да останам бидејќи сметам дека во овој момент од мојата кариера во Бутел можам да напредувам најмногу и да имам можност за докажување“ изјави Стојчевиќ.

May be an image of 1 person, sitting and indoor

ПретходноСЕХА – лигата ќе продолжи со девет екипи!
СледноСезоната 2022/23 во ПМФЛ ќе започне на 7-14 август!