Трајковски и Алиоски од денеска на тренинг, утре со чартер се лета за Варна!

248

Како што и се планираше, последни кои му се приклучија на А-тимот се Александар Трајковски и Езџјан Алиоски, интернационалците од Саудиска Арабија. И двајцата попладне треба да го одработат тренингот заедно со останатите свои репрезентативни колеги во пресрет на дуелите од Лигата на Нации кои ги почнуваме на 2 јуни и тоа во Разград каде и гостуваме на Бугарија.

Кога сме кај овој прв меч од јунскиот циклус, да кажеме дека утре во 16 часот со чартер се лета за Варна, па потоа со автобус ќе се патува во Разград, каде в чеврток се игра мечот со почеток во 18 часот.

Нашата репрезентација предводена од селекторот Благоја Милевски својот задолжителен тренинг, на стадионот каде ќе се игра натпреварот, ќе го има в среда во доцните попладневни часови.

ПретходноПочина екс селекторот Лефтер Бошковски
СледноСЕХА – лигата ќе продолжи со девет екипи!