Шаркоски и Јовановски верни на Академија Пандев

363

Николa Шаркоски и следната сезона ќе биде дел од тимот на Академија Пандев. Струмичани летово одат во насока да го задржат костурот на екипата од минатата сезона, кога беше изборен пласманот во Европа, па затоа и Шаркоски деновиве ја обнови соработката со „Пандев“.

По Коста Манев односно Димитар Митровски, и Николче Шаркоски но и голманот Марко Јовановски дефинитивно остануваат во Академија Пандев, а деновиве Спортмедиа дознава ќе бидат објавени и првите новитети во тимот.

Искусниот голман имаше забележителни настапи изминатата сезона и нормално е да добие нов договор со клубот.

 

ПретходноВидеолотарија спонзор на првиот меѓународен фудбалски турнир Вардар куп 2022
СледноИвановски испадна на Ролан Гарос