“Мајсторка“ во Битола: Пелистер или Еуро Никел, кој ќе оди на мегдан во финалето против МЗТ?

182

Вечерва од 18.30 часот во Битола, во салата “Боро Чурлевски“, се среќаваат кошаркарите на Пелистер и Еуро Никел и тоа во решавачкиот меч во полуфиналето од плеј – офот во нашата елитна кошаркарска лига. Нема веќе место за поправен, резултатот е 1:1 во победи, вечерва се игра „мајсторката“и кој ќе победи ќе си закаже финале во битка за титулата со актуелниот шампион, тимот на МЗТ Скопје.

Според се она што досега беше видено, според она како се одвиваа настаните во текот на целата сезона, секако Пелистер е фаворит во оваа пресудна битка. Но, кој може да им го одземе правото на кавадарчани да сонуваат дека сепак тие можат да ги предизвикаат “металците“ во тоа големо финале.

Прогнозите велеа дека Пелистер во овој дуел ќе триумфираат лесно и тоа со 2:0, имаа шанса за такво нешто на вториот натпревар кога имаа и меч – топка, но не успеаја. Затоа вечерва ќе мораат да вложат дополнителни напори како би ја оправдале улога на фаворити.

Составот на Еуро Никел секако дека ќе си ја гледа својата шанса, кавадарчани веруваат во себе, веруваат во успех.

Во секој случај се очекува голема борба на паркетот во салата “Боро Чурлевски“. Пелистер или Еуро Никел, кој ќе го предизвика МЗТ Скопје во битката за титулата?

Тоа ќе го дознаеме вечерва.

ПретходноДенковски: Посакуваме домашен триумф против Ерменија
СледноАлмерија тргнува по Енис Барди