Откако си замина од грчкиот Ксанти, Бесарт Ибраими, најдобриот голгетер во историјата на ПМФЛ, е трансферна цел на повеќе клубови од Македонија, Косово и Албанија. Сепак Бесарт се чини дека е најблиску до Партизани Тирана, еден од најголемите клубови кај нашиот западен сосед.
Според пишувањето на “Панорамаспорт“, раководството на Партизани и официјално му доставила понуда на нашиот фудбалер која е “тешка“ 60.000 евра годишно или 5.000 евра месечно, на оваа сума треба да се додадат и разните бонуси и премии кои Ибраими би ги добил во зависност од неговите перфоманси.
Сега се чека одговорот на Бесарт.