Голманот на вториот тим на Е. Пелистер, Благојче Трајкоски според информациите на битолските изданија, идната сезона ќе биде на голот на новиот суперлигаш Алкалоид.
Трајковски беше во Битола четири години, три како голман на првиот тим на Е. Пелистер, а минатата сезона ја мина во вториот состав на битолскиот тим.
Трајкоски е дел од поширокиот список на селекторот Лазаров и за нашата сениорска репрезентација.
Од битолскиот состав денеска го потврдија и заминувањето на Милан Ѓукиќ.