Алегри за Дибала: На моменти си мислеше дека е Меси

627

Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри изјави дека аргентинскиот напаѓач Паоло Дибала, кој си оди од торинскиот клуб како слободен играч ова лето, бил сконцентриран на тоа да ја копира суперѕвездата Лионел Меси. Повреди и непостојани настапи ја одбележаа последната сезона на Дибала во Јувентус.
Дибала треба да се „открие“ самиот себе. Треба да биде свој. Имаше моменти кога тој си мислеше дека е новиот Меси. Не може да копираш или да се споредуваш со некој друг. Паоло има што да покаже, има неверојатни технички квалитети, но треба да биде свој“, изјави Алегри за „DAZN“ со тоа што додаде дека Милан, Интер и Наполи не ја надиграле „Старата дама“ изминатата сезона, но причината за слабиот пласман е недостигот на карактер на моменти.
За тоа каде ќе оди Дибала се уште не е познато. Се споменуваат Интер, Рома…

ПретходноДибиров од Вардар е номиниран за Ол стар тимот на ЛШ
СледноМариo Геце ќе игра за Милан?!