Газета: Милан и официјално има нови сопственици

698

Актуелниот шампион во Серија А, тимот на Милан и официјално има нови сопственици. Компанијата „RedBird“, преку своите претставници и официјално ги потпиша сите документи ко беа потребни, па промоцијата би требала да се случи во следните 24. часа, јави предмалку Газета Дело Спорт.

Американската помпанија со тоа го презиме клубот кој во само четири години добива трет сопственик. Најпрво Силвио Берслускони го продаде Милан на кинескиот милијардер Ли Јонгхонг, за да откако тој банкротираше, клубот го презема Елиот инвестицискиот фонд, за само 90 милиони евра. По стабилизацијата на финансиската ситуација, и резултатски очигледниот напредок, „RedBird“ го презима клубот, за 1.3 милијарди евра.

 

 

ПретходноАлмерија тргнува по Енис Барди
СледноМалинков е нов кормилар на Гостивар